На Словенија ѝ се придружија и радиодифузерите од Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд откаде што бараат – на Израел да не му биде дозволено да учествува, навестувајќи бојкот на натпреварот следната година.
„Евровизија“, се вели, треба да биде прослава на обединувачката моќ на музиката. Но, последниве две години, тоа привлече политички протести и бојкот поради неисклучувањето на Израел во услови на континуирана воена акција на државата во Газа.
И многу пред натпреварот во 2026 година, иако сè уште не е отпеана ниту една нота, неколку земји поставија услов: „Ако Израел е таму, ние нема да бидеме таму“, како што вели Наталија Горшчак, претседателка на радиодифузерот РТВ Словенија. На Словенија ѝ се придружија и радиодифузерите од Шпанија, Холандија, Ирска и Исланд откаде што бараат – на Израел да не му биде дозволено да учествува, навестувајќи бојкот на натпреварот следната година.
Сепак, доколку други држави го бојкотираат музичкото натпреварување в година, тој смета дека влијанието ќе се почувствува „многу подалеку од финалето“ на натпреварот.
-Има две полуфиналиња, поради бројот на земји учеснички, и ако нема потреба од две полуфиналиња, тоа ќе влијае на логистиката на настанот, па дури и на финансирањето, објасни тој.
Ако ги оставиме настрана поп-хитовите и моќните балади, политичките критики кон ЕБУ станаа навистина гласни. Сега, се чини, се чекаат политички одлуки – и повторно во културата.