Еден од најдобрите ракометари на Вардар, левиот бек - Дмитро Горига (Dmytro Horiha) доби македонски пасош. Ова ќе претставува големо олеснување за Вардар во бројот на странци, Хориха сега во домашното првенство ќе се води како „домашен играч“.
Дмитро Горига (Dmytro Horiha), украинскиот ракометар на РК „Вардар 1961“, доби македонско државјанство. Со добивањето на македонски пасош, тој повеќе не се смета за странец во екипата на „Вардар“, што му дава поголема флексибилност на тренерот во составувањето на тимот и користењето на квотата за странски играчи.
Теоретски, тој добива право да настапува и за македонската ракометна репрезентација, иако сѐ уште не е потврдено дали ќе биде повикан.
ХОРИХА ПРАВО ЗА НАСТАП ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА БИ ИМАЛ ОД НАРЕДНАТА ГОДИНА!!
Текстот е објавен на Фејсбук профилот на МакСпорт на 09.10. 2025 година